Гасификацијата на Македонија со 50 милиони евра во 2021
Од Дојче банка и Ерсте банка се обезбедени 747 милиони денари за магистралните гасоводи Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар. Од Министерството за економија се предвидени 140 милиони денари, а финансиската конструкција се затвора со 250 милиони денари пренесени од ланската година.
Гасификацијата во Македонија во 2021 тргнува со 50 милиони евра, според финансискиот план на АД Национални енергетски ресурси, а поголемиот дел од овие планирани пари претпријатието ќе ги има за целосно национализирање на АД ГА-МА.
АД НЕР има 2,02 милијарди денари за купување на акциите на АД ГА-МА, снабдувачот на природен гас на Македонија, а тоа се парите кои веќе ги има обезбеднеи од Владата. Од Дојче банка и Ерсте банка се обезбедени 747 милиони денари за магистралните гасоводи Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар. Од Министерството за економија се предвидени 140 милиони денари, а финансиската конструкција се затвора со 250 милиони денари пренесени од ланската година.
Приоритет за АД НЕР, покрај национализацијата на АД ГА-МА, ќе биде изградбата на магистралните гасоводи. Според програмата за 2021, планирано е конечно да биде пуштен во употреба еден магистрален гасовод кај делницата Кавадарци – Неготино и поврзување на приклучоците со првите потрошувачи.
Се очекува во употреба да бидат пуштени и двете делници – Клечовце (Кавадарци) – Неготино и Неготино – Битола, од кои првата порано за што ќе има и дополнителна набавка на природен гас, а другата кон крајот на оваа година. По застојот поради Ковид-19, АД НЕР оваа година смета на забрзано реализирање и на експропријацијата.https://faktor.mk/gasifikacijata-na-makedonija-so-50-milioni-evra-za-2021