Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Германија е партнер на Македонија во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки

Трипуновски вели дека Германија е еден од позначајните партнери на Македонија во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки.

Министерот Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на Дирекцијата за земјоделска трговија, прашања на ЕУ и меѓународна соработка при Германското федерално министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет.

Трипуновски вели дека Германија е еден од позначајните партнери на Македонија во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки.

-Средба со г-дин Олаф Шефер, заменик генерален директор на Дирекцијата за земјоделска трговија, прашања на ЕУ и меѓународна соработка при Германското федерално министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет, германската амбасадорка Н.Е. Петра Дрекслер и г-дин Франк Милер, аташе за земјоделство во регионот при германската амбасада. Германија е еден од позначајните партнери во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки.
Разговаравме за поддршката која ја добиваме на патот кон Европската Унија, како и за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството.
Во текот на средбата дискутиравме и за размена на искуства, модернизација на секторот и зајакнувањето на капацитетите на институциите.
Остануваме посветени на градење партнерства и имплементација на европските стандарди во земјоделскиот сектор, објави Трипуновски.

Поврзани новости

Back to top button