
Гевгелија мириса на смокви – приказна што го спојува минатото и сегашноста
Слаткото од смокви и чаша вода – од памтивека претставувало знак на добредојде во секој гевгелиски дом.
Крајот на август и почетокот на септември е сезона на варење слатко од зрели смокви во Гевгелија. Домаќинките низ дворовите ги разгореле огновите, ги наполниле тавите со зрели смокви врз пирустиите, а низ градот се шири опојниот мирис на смоквата. Доживување што можете да го почувствувате само во Гевгелија. Токму варењето на овој специјалитет беше присутно и на овогодинешниот, трет по ред, фестивал „Вкуси го југот“,своевидна симбиоза на гастрономската традиција, културата и забавата. Екипата на весникот ВЕЧЕР беше привлечена од опојниот мирис на смоквата која доаѓаше од просторот каде се одвиваше фестивалот, и не ја испушти можноста да присуствува на подготовката и самиот чин на варење на овој сладок специјалитет, при што се обиде да открие има ли некаква тајна, зошто токму во Гевгелија се подготвува најубавото слатко од смокви во Македонија. |
Слаткото од смокви и чаша вода – од памтивека претставувало знак на добредојде во секој гевгелиски дом. Така, било некогаш, така е и денес. Овде, во питомата гевгелиска долина, смоквата е плод на летото, дар на медитеранот и со години, вистински бренд на Гевгелија. Нема гостин кој навратил во овој град а да не замине со торба полна смокви, било свежи било преработени како слатко.
Крајот пак на август и почетокот на септември е сезона на варење слатко од зрели смокви во Гевгелија. Домаќинките низ дворовите ги разгореле огновите, ги наполниле тавите со зрели смокви врз пирустиите, а низ градот се шири опојниот мирис на смоквата. Доживување што можете да го почувствувате само во Гевгелија.
Токму варењето на овој специјалитет беше присутно и на овогодинешниот, трет по ред, фестивал „Вкуси го југот“,своевидна симбиоза на гастрономската традиција, културата и забавата. Екипата на весникот ВЕЧЕР беше привлечена од опојниот мирис на смоквата која доаѓаше од просторот каде се одвиваше фестивалот, и не ја испушти можноста да присуствува на подготовката и самиот чин на варење на овој сладок специјалитет, при што се обиде да открие има ли некаква тајна, зошто токму во Гевгелија се подготвува најубавото слатко од смокви во Македонија.
Одговорот го побаравме од Наде Милкова, која со својот сопруг и со уште три брачни двојки го вареа овој медитерански специјалитет на вториот ден на фестивалот во Гевгелија. Таа, додека внимателно го надгледуваше варењето на сочните смокви , љубезно одговораше на се она што нас не интересираше.
Извор Вечер