fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Гевгелиското трпезно грозје на чекор до големите европски супермаркети

„Greenyard“, денеска на онлајн презентацијата во Германија ја претстави и гевгелиската компанија „Виторија Фруит“ меѓу компаниите кои имаат производствен потенцијал за извоз во големите европски синџири на супермаркети.

Една од водечките мрежи за дистрибуција на свеж зеленчук и овошје во Европа, „Greenyard“, денеска на онлајн презентацијата во Германија ја претстави и гевгелиската компанија „Виторија Фруит“ меѓу компаниите кои имаат производствен потенцијал за извоз во големите европски синџири на супермаркети.

-Бевме претставени како пример на компанија која само за неколку години од соработката со организаторот на презентацијата, успеала да ги воведе сите стандарди на квалитет, безбедност и пакување трпезно грозје и токму од тие причини добивме статус на сигурен партнер на мрежата „Greenyard“. Тоа значи дека нашето трпезно грозје е на чекор до најголемите европски супермаркети, велат од „Виторија Фруит“.

На презентацијата, своите капацитети за производство и извоз на сливи, согласно европските стандарди, прв пат ги претставила и компанијата „Баџо“ од Богданци.https://nezavisen.mk/gevgeliskoto-trpezno-grozje-na-chekor-do-golemite-evropski-supermarketi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close