fbpx
ВестиТоп вести

Глобален штрајк за климата 20- 27 ми Септември

Малото девојче, Грета Тумберг, направи нешто поголемо отколку што можеше да замислиме. Климатската криза е со толку голем размер, што треба сите да се помрднеме од местото на страв, на место на љубов. Љубов за себеси, љубов за планетата и љубов за сите живи суштества.

Малечката ги замолува луѓето да се соочат со стравовите и да се придружат на движењето кое води кон создавање на свет исполнет со поголема љубов, поголем мир и подобро утре за сите. Време беше да се разбуди човештвото.


Малите нешта ги прават големите нешта, и мора од некаде да се почни. Па доста е сите да се молат, да слушаат што по некој ќе каже, и да кажуваат како тој некој е многу инспиративен, а не преземаат ништо конкретно околу тоа. Тоа не води никаде. УТРЕ лавина низ целиот свет која ја придвижи малечката. Браво и сите масовно да учествуваме и да се замислиме до каде сме, и каде одиме. Секој еден глас е важен. Не плашете се да го кренете гласот!!!!!!!!!!!!

Слични написи

Back to top button
Close