Годинава 5.000 тони повеќе тутун, цената 14 денари повисока

(Oвој напис е објавен на: March 7, 2017)

tutun

Вкупно 25.095 тони тутун се преземени досега, 10 дена дена пред завршување на законскиот рок за откуп, што е 5.000 тони повеќе од првичните проценки за целата реколта 2016.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постигната е просечна цена од 196,82 денара за килограм или 14 денари повеќе од ланската која изнесуваше 182 денара.
Исплатата за преземениот тутун е 98 отсто реализирана или досега се исплтени 4,848 милијарди денари.
Годинава тутун откупуваа девет претпријатија на вкупно 130 пунктови. Се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун.
Поголемиот дел од пунктовите се веќе затворени, но според Законот, ако некои производители дополнително пријават количини, откупното претпријатие одредува ден кога ќе го отвори пунктот за да го преземе преостанатото количество тутун.
Share Button