fbpx
ВестиМакедонија

Најстудено во Берово -5, на Попова Шапка 12 сантиметри снег

Времето утрово е сончево, а во текот на денот ќе биде сончево и топло

Најниската температура утрово е измерена во Берово – 5 степени, во Скопје – Петровец и Струмица – 3, во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија – 2, Прилеп, Куманово и во Маврово -1, во Охрид, Претор, Штип и Дебар 0, во Виница и Крушево два, во Дојран 3 степени.

Снег има на Попова Шапка 12 сантиметри.

Времето утрово е сончево, а во текот на денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close