fbpx
Вести

Голема холандска компанија најавува инвестиција во земјоделството

Странски компании ќе го раздвижуваат македонскиот аграр. Една голема холандска компанија најавува инвестиција во фирма во стечај во југоисточна Македонија. Инвестицијата е значајна не само заради тоа што ќе отвори нови работни места туку ќе придонесе и за модернизирање на производствто и ќе ја зголеми конкурентноста на македонските земјоделски производи.

golema holandska kompanija najavuva investicija vo zemjodelstvoto

 

Тие ќе вложат околу девет до десет милиони евра и ќе вратат на работа голем број невработени луѓе. Тоа е инвестиција која исто така ќе биде значајна. Ќе значи не само враќање на вработени, туку и модернизација во производството и опремата, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Свеж капитал влегува и во компанијата за печурки Бонум. Се работи за мултинационална компанија ќе го прошири производствто и ќе го зголеми бројот на работници.

Ме радува што влегува свеж капитал во Република Македонија, во компанијата Бонум. Освен посточеките вработувања, се планира и вработување на над 100 нови лица. Инвеститорот ќе даде дополнителен импулс на сегашната компанија и во делот на инвестициите коишто ќе ги направи и во модернизација на производството и проширување со што ќе го направат производството поквалитетно и помодернизирано., истакна Груевски.

Македонскиот аграр последните години е атрактивен за странските инвеститори. Меѓу поголемите кои влегоа во земјава се една од најголемите турски млекарници Суташ која инветсираше во пропадната млекарница Сведмилк, потоа Француски Лакталис  во битолската млекарница Идеал Шипка.

Турската компанија Левидиагро во Кочани ја  отвори најголемата фабрика во регионот за преработка на ориз.  Компанијата вработува околу 100 лица, а инвестицијата тежи 4 милиони евра.

Исто така во Кочани, инвестираше и холандската компанија Антура. Отвори фабрика за производство на семенски материјал за цвеќиња и отвори 300 работни места.

Епл ленд, компанија од Дубаи отвори откупно-дистрибутивен центар за јаболка во Ресен,  инвестиција вредна пет милиони евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close