fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Горивата поскапи за половина денар

Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи за се зголемат цените на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % и ќе се продаваат за половина денар поскапо.  Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.

Бензинот Еуросупер БС-95 од вечер на полноќ ќе се продава по 67,5 денари/литар, Еуросупер БС-98 по 69,5 денари/литар, а Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 60 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close