Агро бизнисВестиТоп вести
Денес променливо облачно – Попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд, а на планините снег
Температурите ќе бидат во пораст.
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од среда следува период на променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.




