fbpx
ВестиТоп вести

Пробно се засадува оригано на струмичките ниви

Во Струмичко, пробно се засадуваат првите ниви со ароматичното растение оригано. Покрај традиционалното производство, во одгледувањето оригано се гледа загарантиран откуп и исплатливо производство по хектар засадена површина.

probno se zasaduva origano na strumichkite nivi

 

Според првите луѓе на здружението „Тока”, еден килограм суво оригано се продава за едно евро, при што има и загарантиран откуп на светските пазари. Од еден хектар, со дваесет дневна работа се добиваат околу 3.000 килограми оригано, тврдат од „Тока”.

Успеавме да земеме и субвенции од државата. За тие што се занимаваат со одгледување ароматични растенија субвенцијата е 25.000 денари по хектар, и 50 отсто е од цената на расадот, кој чини 2.000 евра за еден хектар. Значи од државата средствата се добиваат за многу краток период од 3 до 6 месеци. Земаат 1.000 евра назад со инвестиција од 2.500 евра по еден хектар и за една година добиваат приход од 3.000 евра тврди Ќјуќим Хаџи Хамза од „Тока”.

За најпогодни, за одгледување оригано се сметаат атарите на ридско-планинските села, а државата ќе одгледува и сертифициран расад. Од септември се очекува околу 100 семејства да почнат да одгледуваат оригано. Засега има скромни обиди за одгледување на ова растение на струмичките ниви.

Во средното земјоделско училиште во Струмица, пак, младите се обучуваат да го одгледуваат ова ароматично растение за време на летната практика.

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close