вестиСоветиТоп вести

Градинарството во октомври

Градинарство
Градинарските култури кои се наменети за потрошувачка во текот на зимата, треба да се
приберат пред настапувањето на поголемите мразеви. Кочаните се отсекуваат под
коренот и се чуваат во ровови. Морковите за зимска потрошувачка исто така се чуваат во
ровови.
Ровот претставува јама ископана во земјата со димензии зависно од количината на
зеленчукот кој што ќе се чува во него. На дното на ровот се постила слама врз која се
реди зеленчукот и врз него повторно се реди слама.
Во првата половина на месецот се сади салатата и зелената салата кои се наменети за
пролетната потрошувачка.
На крајот на октомври, или најкасно почетокот на ноември се прибираат празот,
ротквиците, зелените домати, карфиолот и главестата зелка.
Во овај период се сади зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка.
Лозарство
Овај месец се доприбира несобраниот производ. Се врши ѓубрење со фосфорни и
калиумови ѓубрива, во зависност од снабденоста на почвата со хранливи материи, по што
пшчвата се ора длабоко.
Поледелство
Од први октомври започнува сеидбата на пченицата и јачменот. Пред сеидбата се врши
ѓубрење на почвата со комбинирани ѓубрива, зависно од застапеноста на почвата со
хранливи материи, а потоа се врши потребната обработка на почвата. Семето за сеидба
задолжително треба да биде запрашено, односно деконтаминирано против болести.
Во овој месец се врши длабоко орање на почвата и основно наѓубрување, со што се
припрема почвата за пролетните култури.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close