Врнежи од град вчера ги зафатија четирите општини од Тиквешијата, дополнително ќе се утврдуваат штетите врз земјоделските култури. Ова денеска за МИА го потврдија Драган Николов и Ѓорѓи Ајтов, од подрачните служби на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството во Кавадарци и Неготино.
-Според информациите со кои располагаме, врнежи од град вчера се регистрирани во атарот на кавадаречко Сопот и росоманските села Сирково и Камен дол, рече Николов, советник во Агенцијата.
Ајтов кој е раководител во службата во Неготино, нагласи дека среќа во несреќа било што зрната град не биле тврди како што тоа вообичаено се случува, туку меки како гума, па очекуваат помали штети кај земјоделските култури.
Извор: алфа