fbpx
Вести

Грчките фармери го блокираа министерот за земјоделие во зграда

Грчките фармери неколку часа го блокираа министерот за развој на земјоделието Вангелис Апостолу пред зградата во градот Комотини, во североисточниот дел од Грција, барајќи да биде повлечен предлог-законот за социјално осигурување на земјоделците и започнување дијалог со владата.

grchkite farmeri go blokiraa ministerot za zemjodelie vo zgrada

 

Како што пренесува агенцијата ANA, во текот на средата околу две илјади земјоделци протестирале против плановите на владата предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза, за зголемување на даноците и таксите од селското население. На средбата со министерот Апостолу тие го искажале својот револт и го блокирале во зградата на администрацијата на округот Родопи.

3888

Во текот на денот дошло до неколку судири со полицијата, којашто употребила солзавец. Околу 22 часот во административната зграда дошол јавниот обвинител кој побарал масата мирно да се разотиде и да го ослободи влезот во зградата.

Фармерите велат дека нивниот протест ќе продолжи и оти ќе ги блокираат патиштата со своите трактори. Протестите на грчките земјоделци во моментов главно се одвиваат во североисточниот и централниот дел на земјата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close