fbpx
Вести

Грчките земјоделци ги отстрануваат блокадите

Грчките земјоделци почнаа да ги повлекуваат блоикадите од патиштата откако премиерот Алексис Ципрас им вети дека Владата ќе се обиде да постигне подобар договор со меѓународните кредитори за пензиските реформи.

grchkite zemjodelci gi otstranuvaat blokadite

 

– Денеска ние официјално ставаме крај на блокирањето на патиштата, изјави лидер на земјоделците Јанис Туртурас.

Тој додаде ако се прифати предлог-закон кој не одговара на барањето на земјоделците, тие ќе протестираат пред Парламентот.

Реформите во пензискиот систем се клучен услов за третата спасувачка програма за Грција и една од основните причини за несогласувањата во преговорите со Европска унија и со Меѓународниот монетарен фонд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close