Грчките земјоделци ја прекинаа блокадата на Атина
По дводенвната блокада на Атина со трактори, лидерот на земјоделците Вангелис Бутас најави продолжување на протестите за денес, со блокирање на патиштата и гранините премини. Според Бутас, земјоделците ќе постават блокади на 68 локации ширум Грција.
Покрај откажување на Владата од плановите за зголемување на даноците и за промени во пензискиот систем, земјоделците барат и намалување на нивните производни трошоци, како и да бидат ослободени од плаќањето данок на дизел горивото и од ДДВ-то за земјоделските машини и да плаќаат пониска цена за струјата.
Паралелно се блокадите на земјоделците, вчера во Атина се одржа и протест на комунистичкиот синдикат ПАМЕ на кој учествуваа околу 12.000 лица, кои по маршот низ атинските улици одржаа митинг на полштадот „Синтагма“ пред зградата на грчкиот Парламент.