Грчката влада ги повика претприемачите и трговците да учествуваат во преговорите со колегите од Северна Македонија.
Земјата сака да се спаси од „конфузијата“ од употребата на придавката „македонски“ за производи од двете земји, пишуваат грчките медиуми, објавува Фактор.
-Ризикот од конфузијата постоел пред договорот за новото име на Северна Македонија, но сум убеден дека по пат на дијалог на професионалците ќе биде пронајдено решение-изјавил пред новинарите грчкиот генерален секретар за трговија Димитрис Авлонитис.
Неодамнешниот договор предвидува формирање на меѓувладина комисија во која експертите од двете земји и меѓународните експерти треба да најдат решение за производите со бренд. Одредницата „македонски“ се користи и за проивзоди и во Грција и во Северна Македонија, а Авлонитис рекол дека немало проблеми за производите со заштитено географско потекло.
Вкупно 19 грчки брендови со заштитено географско потекло се регистрирани досега, меѓу нив е и „македонско вино“, „Македонска алва Хаигоглу“ или „македонска новинска агенција“.
Од друга страна Северна Македонија исто така има „македонски“ производ на пазарот кои немаат заштитено географско потекло, како што е „ајварот“.
Извор:фактор