fbpx
ВестиВино

Грозјето собрано, аргатите се вработија во новоотворените фабрики во Тиквешијата

Во најголемиот производител на грозје во земјата,Тиквешкиот регион заврши бербата на последните сорти грозје.Лозарите ги разгледуваат состојбите и севкупните резултати од годинашната реколта, откупените количини, цената, квалитетот на грозјето и начинот на плаќање од страна на откупувачите.

Според претседателот на Здружението „Напредни лозари“ Трајче Кулев, оваа година за разлика од порано сезоната на берба на грозјето минала без поголеми проблеми. Оваа година интересен е фактот што многу од сопствениците на лозја ,останаа без аргати затоа што голем број од нив се вработија во новоотворените фабрики па биле приморани, берачи да бараат од други места.

Кулев е задоволен и од извезените количини на грозје годинава,рече дека податоците се сумираат и набрзо ќе се знаат точните бројки кои го карактеризираа гроздоберот.И годинава,покрај визбите одредена количина од родот замина кај домашните мини винарии и казаните за печење ракија ,бројката на производители на грозје е околу 7.000 лозари во Кавадарци. Од ,,Напредни лозари“ веруваат дека конечно ќе дојдат подобри времиња за оваа земјодеска гранка.

Кулев најави дека за следната сезона порано ќе започнат преговори со винарските визби и откупувачите се разбира со посредство на ресорното Миниситерство со цел да се добијат повисоки откупни цени на грозјето,гарантиран откуп и редовна исплата.


 

ako.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close