fbpx
ВестиСовети

Ѓубрење на тутунот

Ѓубрењето на тутунот има повеќекратно значење, затоа што се одгледува на сиромашни почви. При правилно ѓубрење, тутунот не само што се развива подобро туку се зголемува приносот и се подобрува квалитетот, станува отпорен на неповолните услови на надворешната средина, болестите и штетниците. Ѓубрењето на тутунот треба да се заснова првенствено на направена анализа на почвата на која се одгледува тутунот.

Покрај содржината на азот, фосфор, калиум, треба да се одредат и другите важни агротехнички мерки. Количеството азот за ѓубрење зависи од примена на агротехничките мерки. Таа може да биде поголема ако се изведува интензивно ѓубрење со фосфор. Тутунот се ѓубри со минерални и органски ѓубрива. Покрај тоа се пременуваат и фолијарни ѓубрива, а за отстранување на киселоста на почвата се користат калциумови ѓубрива.

Фолијарно ѓубрење

Ѓубрењето се изведува преку листот, на брз начин се обезбедуваат макро, а посебно микроелементи, бидејќи тие се наоѓаат во лесно достапни форми за растението. На ваков начин значително се зголемува степенот на искористување и се извршува побрзо апсорбирање на основните хранливи материи. Овој начин на ѓубрење се изведува од садење до бутонизација, што покажува позитивно влијание на приносот, рандманот на класа и вредноста на производот.

Сеидбата на семето во леите се изведува во текот на март, а расадувањето во мај, така што периодот на производство на расад изнесува 45-60 дена. Во текот на производство на расад се применуваат следниве мерки на нега: заливање, прихранување, проветрување, плевење и проредување, подрезување и калење.

За прихранување се користат ѓубрива кои се лесно достапни на младите растенија. На два дена пред прихранување расадот не треба да се залива, за растворот на ѓубривата побрзо да дојде до кореновиот систем. Првото прихранување се изведува кога расадот има развиени први листови. Второто прихранување следува за 7-10 дена. Во леа од 10 м2 се користи раствор од AGROSAL AMONIUM NITRAT 50%.

Во текот на вегетацијата ориенталните типови тутун кои најмногу се застапени во Македонија поединечно изнесуваат азот од почвата 20-50 кг/ха, фосфор 4-10 кг/ха и калиум 60-80 кг/ха од почвата. За обезбедување на овие количества, покрај основното ѓубрење, се применуваат и течните ѓубрива.

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close