fbpx
ВестиМакедонија

ХЕС “Црн Дрим” инсталираше автоматска хидрометеоролошка станица за мерење на нивото на котата на Охридско Езеро

Станицата ќе мери уште 30 директни и 15 индиректни метеоролошки параметри (количина на врнежи, снег, температура на водата, температура на воздухот, испарување, ветар и друго), потребни за хидролошки анализи.

ХЕС “Црн Дрим” инсталираше автоматска хидрометеоролошка станица за мерење на нивото на котата на Охридско Езеро. Станицата ќе мери уште 30 директни и 15 индиректни метеоролошки параметри (количина на врнежи, снег, температура на водата, температура на воздухот, испарување, ветар и друго), потребни за хидролошки анализи. Станицата е од германскиот производител ОТТ и претставува најсовремен тип на хидрометеоролошка станица на Балканот. Мерењето на параметрите е на радарски принцип.
-Котата на Охридското Езеро претставува еден од основните параметри за бaлансирање на производството на ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје. Со цел осовременување на овој процес поради транспарентност и во интерес на граѓаните, поставени се две информативни табли (дисплеи) за приказ на нивото на водата во Охридското Езеро, температура на водата во езерото и температура на воздухот. Овие табли се поставени на Управната зграда на ХЕС Црн Дрим во Струга и зградата од Министерството за одбрана, во близина на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро. Ажурирањето на податоците е автоматски од мерењата на хидрометролошката станица на секои 15 минути – информира Сашо Коркут, директор на АД ЕСМ, Подружница ХЕС “Црн Дрим”. Коркут јавно се заблагодари на сите чинители кои беа дел од реализацијата на овој проект.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close