Хоџа-континуирано го поддржуваме овоштарството, зголемени субвенции и зелена нафта
Почна јаболкоберот
Континуирано го поддржуваме овоштарството за што доказ се субвенции и зелена нафта за овоштарите, рече министерот за земјоделие Арјанит Хоџа на отворањето на преспанскиот јаболкобер.
-Ресен и Преспа можат да се гордеат зошто вие имате свој бренд тоа е јаболкото. Преспанското јаболко е промотор на нашата државата во светот. Почетокот на бербата на јаболкото е еден од најголемите празници на Праспанскиот регион. Секоја година јаболкопроизводителите се радуваат на овој ден зошто тој означува почеток на валоризација на нивниот целогодишен труд. Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството, потврда за тоа се зголемените субвенции, картичките за зелена нафта над 2000 картички, воведување на мерките за мотивација на малдите земјоделци, руралните жени и усогласувањето на нашата правна регулатива со европската во делот на здравјето на растенијата што подразбира намалена употреба на агрохемиските средства помалку пестициди, рече Хоџа на манифестација во Ресен.
А.Б