fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа на средба со жетварите-се разгледа можноста за откуп на пченицата од страна на Агенцијата за стокови резерви

Заедничко размислување на вклучените страни е да се разгледа можноста за откуп на пченицата во време на жетва, од страна на Агенцијата за стокови резерви.

Како што најавив во понеделникот, денеска во големата сала на МЗШВ, одржав состанок на кој присуствуваа производителите на пченица, регистрираните откупувачи на пченица, претставници од групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанска комора, Министерство за економија и Агенција за стоковни резерви, како и членовите на Потсекторската постојана група за жита, објави министерот Арјанит Хоџа.
На состанокот разговаравме за актуелната состојба, за годинешната жетва, откупната цена на пченицата и можноста за измена на некој законски решенија. Заедничко размислување на вклучените страни е да се разгледа можноста за откуп на пченицата во време на жетва, од страна на Агенцијата за стокови резерви.
Сите размислувања и предлози ќе бидат предмет на анализи и понатамошни дискусии, со цел да стигнеме до заедничко одржливо решение кое ќе биде во интерес на сите.
Според податоците добиени од подрачните единици на МЗШВ, пченицата е засеана на вкупна површина од околу 78.738 ха и ожнеани се околу 35 % од вкупната површина. Просечниот принос се движи од околу 3.200 до 3.500 кг./ха.
Се очекува производството на пченица од род 2021 година, да се движи од околу 252.000 тони до 267.700 тони.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close