
Хоџа со земјоделците од Чашка и Велес – Руралниот развој се гради со луѓето кои живеат и работат на село
Руралниот развој се гради со луѓето кои живеат и работат на село
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа реализираше работна посета на селата во Општина Чашка и Велес, каде оствари средби со производители на тутун и ориз, сточари и земјоделци од различни производни гранки.
За време на посетата, Хоџа разговараше директно со земјоделците во нивните домови, дворови и локални угостителски објекти, запознавајќи се одблиску со нивната секојдневна работа и интересот за мерките и програмите за поддршка на Министерството.
На средбите се разговараше за можностите за развој на земјоделското и сточарското производство, инвестициите во фармите, како и за користењето на програмите што им стојат на располагање на земјоделците.
Хоџа истакна дека директниот контакт со земјоделците останува најдобриот начин за согледување на реалните потреби на терен и за насочување на поддршката таму каде што дава најголем ефект.
Посетата е дел од редовните теренски активности насочени кон зајакнување на комуникацијата со руралните средини и промоција на можностите за развој на земјоделството и сточарството.




