fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа најавува-Ќе ја реконструираме пумпната станица за наводнување во Дебар, МЗШВ ќе вложи 1,1 милиони евра

Обврзани сме да создадеме подобри услови во земјоделството, порача Хоџа.

Дебар е град со многу природни ресурси и потенцијал за развој на земјоделството, пишува денеска министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
-Со жителите на Дебар ја посетивме и пумпната станица за наводнување изградена во 70-тите години на минатиот век. Во моментов, таа не е во функција, бидејќи за време на претходните владеачки гарнитури беше целосно уништена. Оваа станица служеше за наводнување на илјадници хектари земјоделско земјиште во Дебар. Ние како МЗШВ повторно ќе ја вратиме во функција на жителите.
За реконструкција на оваа пумпна станица предвидени се средства во износ од околу 1,1 милиони евра.
Обврзани сме да создадеме подобри услови во земјоделството, порача Хоџа.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close