Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Хоџа-Наша задача е да ја јакнеме и понатаму зелената економија
Министерот Хоџа, денеска присуствуваше на отворањето на Конференцијата ,,Економско заздравување и раст по Ковид-19’
Министерот Хоџа, денеска присуствуваше на отворањето на Конференцијата ,,Економско заздравување и раст по Ковид-19’’, организирана од Министерството за финансии.
Како говорник на дискусијата за петтиот панел „Паметна и зелена економија“, го потенцираше влијанието на климатските промени, бидејќи тоа предизвикува силен негативен импакт врз целокупното живеење, силно ја афектира економијата и го прави земјоделскиот сектор ранлив како ниеден друг сектор.
Наша задача е да ја јакнеме и понатаму зелената економија, бидејќи животот ни покажа дека климата, здравјето и економијата се силно испреплетени и зависни едни од други. Минситерството за земјоделство, вложува сериозни напори за модернизација на земјоделството и за борба против климатските промени. Овие два процеси одат „рака под рака“, нема модерно земјоделство без заштита од климатски промени. А без нив, НЕМА ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА.
Ваквите економски форуми, ќе имаат силен ефект кај сите нас и ќе ја поттикнат свеста дека во оваа борба сите сме заедно,информира МЗШВ.