Агро бизнисВестиМакедонија
Аријанит Хоџа, министерот за земјоделство во емисијата 24 анализа рече дека има 80.000 регистрирани замјоделци и пописот е битен заради дополнителни информации на кого земјотелството му е примарна дејност за да се креираат натамошните политики на министерството.
„Непоклопувањето на бројките се движи над 6000 земјоделци пријавени во Фондот за осигурување.“ – рече Хоџа.
Во врска со соткупот на оризот министерот истакна дека неколку дена пред нова година се измени уредбата и од 18 000 денари што биле за несменски матерјал за ориз, ги направиле на 30 000 денари. Тоа покачување беше заради оваа ситуација и потешкотиите, рече Хоџа.
„Заради тие мали загрижувања на производителите ние презедовме чекор. Имав 4-5 состаноци со оризопроизводителите и слушајќи ги нивните барања и забелешки и сум бил на терен и заради тоа произлезе да се тргне таа субвенција за несеменски матерјал од 18 000 и да ја изедналчиме со субвенцијата за семенски матерјал од 30 000 денари.“ – рече Хоџа.
Хоџа смета дека сепак не е доволно, но направен е исчекор во однос на минатите години. Во однос на заштитните мерки, царински бариери и квоти на заштита за домашното производство од надворешен узвоз, Хоџа смета дека реално пазарната моќ на нашата држава е таа што е, колку народ сме, толку може и да конзумираме. Реалната цена и придобивка, сите земјоделци посебно градинарските производи, го имаат во извозот.https://www.24.mk/details/khodza-za-tv-24-go-pokachivme-subvenciite-za-otkupot-na-orizot