Хоџа не се согласува со барањето на ИО на тутунари за загарантирана откупна цена од 200 денари за килограм тутун
Не може секаде државата да се јавува како купувач и да доплаќа разлика во цена, кај тутунот има Закон и класи и се знае како треба да исплаќа. Вака одговори министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на барањето на новоформираниот Иницијативен одбор на тутунари. Иницијативниот одбор на тутунари меѓу другото побара загарантирана откупна цена за тутунот од 200 денари за килограм, ако не се постигне заради нереалните проценки државата да ја доплати разликата. На прашањето дали министерот Хоџа е запознаен за Иницијативниот одбор на тутунари, формиран од над 3000 тутунари од цела Македонија, што во моментов во Прилеп одлучуваат дали ќе има блокади и протест низ државата, тој вели дека е отворен за соработка за било кои прашања, но дека на денешниот состанок разговара со легитимни здруженија на тутунари кои што ги претставуваат барањата на тутунопроизводителите.
Зелена берза