fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Гоце Трајчев: Започна одредено намалување на цените на месото, но голем број компании не добија договори од ЕСМ

Мерката очекувавме дека е јасна и определена, сите компании очекуваа дека целата работа е завршена со поднесување на документацијата. Вчера и завчера дел од нив биле одбиени без објаснување за причините, а заедничко за сите нив е што имаат фотонапонски панели, а се работи за десетина компании, изјави Трајчев.

Гоце Трајчев, претседателот на Групацијата за преработка на месо и производи од месо, денеска пред медиумите објави дека не може да се очекува значајно поевтинување во оваа индустрија, затоа што голем дек од компаниите се одбиени од ЕСМ за одбиени за субвенционирана електрична енергија, а на добар дел од нив договорите се уште не им се доставени.

– Мерката очекувавме дека е јасна и определена, сите компании очекуваа дека целата работа е завршена со поднесување на документацијата. Вчера и завчера дел од нив биле одбиени без објаснување за причините, а заедничко за сите нив е што имаат фотонапонски панели, а се работи за десетина компании, изјави Трајчев.

Од комората велат дека проблемот е системски, односно дека поради законската регулатива, ЕСМ не може да им испорача електрична енергија на некои компании, како што беше предвидено, од 80 евра за мегаватчас. Од таму очекуваат проблемот да биде надминат наскоро.

Трајчев, како одговор на новинарско прашање, проценува дека од денеска се намалени цените на 50-тина производи од оваа индустриска дејност.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close