вестиСовети

И пчели и заштита: Никотинот како органски инсектицид

Употребата на никотинот како инсектицид е позната одамна, но истата е намалена поради појавата на синтетички инсектициди кои поефикасно ги убиваат штетниците. Поради сознанието дека, тие истите инсектициди имаат негативно влијание врз пчелите, последните години се зголемил интересот за органските инсектициди.

Никотинот е супстанца, која најчесто се поврзува со тутунот и пушењето. Но, никотинот е присутен во многу растенија, од кои многу ги користиме во исхраната.

Сите растенија од фамилијата Solanaceae произведуваат никотин, а во таа група се вбројуваат идоматите, компирот, патлиџанот и пиперката.

Што е никотин?

Никотинот се вбројува во групата соединенија кои се нарекуваат алкалоиди. Синтезата на никотинот се врши во коренот, а се насобира во листовите на растението. Производството на никотин е еволутивен механизам на одбрана на растенијата од инсектите, со оглед на тоа дека никотинот е инсектицид.

Никотинот во мали количини претставува стимуланс за голем број цицачи, а начинот на кој што делува во организмот е одговорен за создавање зависност.

Порано, многу повеќе бил користен за заштита на растенијата, но предноста ја добиле соединенијата од синтетичко потекло со назив неоникотиноиди. Во буквален превод, нови никотини, кои се многу потоксични од природниот никотин, а со тоа и многу поефикасни во убивањето на штетниците, но и корисните инсекти.

Кои се предностите од користењето на инсектицидот од природен никотин?

Научниците се согласуваат дека неоникотиноидите и другите синтетички инсектициди, во зависност од видот, директно или индиректно имаат негативно влијание врз пчелите. Исто така, синтетичкиот никотин во неоникотиноидите, според податоците од одредени истражувања, предизвикува зависност кај пчелите и им го нарушува метаболизмот и моториката, што како последица предизвикува неефикасно собирање на поленот.

Но, научниците имаат сосема поинакво мислење за природниот никотин.

Истражувањето кое го спроведила Сузан Никлсон од Универзитетот во Преториј (Јужноафриканска Република), покажува дека присуството на никотин во медот на пчелите кои ги опрашувале нивите со тутун, има позитивен ефект на нив. Таа воочила дека слабите пчелни колонии го користат никотинот како нутриент (хранлива материја), но и како лек.

Друго истражување, спроведиле истражувачите од Дартмут колеџот и Универзитетот Масачусетс. Резултатите покажале дека многу соединенија кои можат да се пронајдат во тутунот и сродни на него растенија, како што е никотинот, им помагаат на бумбарите во борбата против паразитските инфекции. Во експериментот се покажало подобрување на состојбата на бумбарите за 80%, а тие се подеднакво важни опрашувачи, како и пчелите.

Истражувачите утврдиле дека бумбарите и пчелите, свесно конзумирајќи ги овие соединенија од тутунот, сами себе се лекуваат од паразитски инфекции.

Како да направите органски инсектицид од тутунот?

Ако имате тутун, дома сами можете да направите едноставен инсектицид. Доволно е да го оставите во вода, со цел никотинот да се раствори. Кога водата ќе добие униформна темна боја, налик на ладен чај, тутунот треба да се процеди. Се препорачува употреба на хартиени филтри за одделување на течностите од тутунот и другите растенија, со цел да се одвојат и најситните честички кои можат да ја затнат прскалката.

Од голема важност е никотинот растворен во вода да не дојде во контакт со кожата која може да го впие. Исто така, многу е попаметно да подготвувате помала количина на инсектицид, затоа што рокот на употреба не му е голем.

На овој раствор може да му се додаде уште вода, со цел да се разблажи, но и други растенија кои содржат соединенија кои ги одбиваат инсектите и другите штетници. Со додавање на црн или бел лук, на пример, на овој раствор можеме да му додадеме и антибактериски супстанци, кои можат да се пронајдат во овие растенија.

Доколку сакате, 100% органски инсектицид, во оваа фаза е готов. Реално, не се задржува долго на листовите поради појавата која се нарекува површински притисок на водата. Капките често, само се лизгаат низ растенијата.

Овој проблем, може да се реши со додавање на многу мала количина, една капка, сапун или детергент во никотинскиот раствор. За среќа, на пазарот се достапни, потполно органски, биоразградливи и нетоксични детергенти, кои можат да се користат во органското производство без страв.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close