fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

И покрај продолжениот рок огромни количества тутун остана неоткупен

ВИДЕО-Огромни количини на тутун останаа годинава неоткупени.

По завршувањето и на дополнителниот рок во кој се ветуваше откуп на целокупното количество на вишокот тутун сепак во прилепските и битолските села во секоја втора тутунарска куќа остана тутун за кој сега веќе не знаат што ќе му прават.

Во средината на март кога се доцнеше со носењето на законските измени за продолжување на рокот за откуп министерот црвсто ветуваше дека државата има обврска и ќе го реши целосно откупот на тутунот со можност дури и да донесе измени на законот за либерализација односно директен извоз на тутунот.

Тутунарите кои се една социјална категорија на земјоделци кои останаа со неоткупен тутун а во кој вложиле многу и труд и финансиски средства бараат да бидат обесштетени кога државата која го регулира законски секој аспект на тутунот ги оставила на цедило.https://kanal5.com.mk/i-pokraj-prodolzheniot-rok-ogromni-kolichestva-tutun-ostana-neotkupen/a469743

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close