fbpx
ВестиМакедонија

Иако во Арачиново не се плаќа данок на имот, општината доби 500 илјади евра од Владата

Од Министерството за транспорт велат дека пари има за сите и не може да ги делат општините.

Општините ќе добијат 70 милиони евра за реконструкција на патната инфраструктура, а за Арачиново од овој проект се резервирани 500.000 евра. Општината ќе ги добие парите, иако стана позната како општина каде не се плаќа данок на имот.

Од Министерството за транспорт велат дека пари има за сите и не може да ги делат општините. Парите не се условени и не се инсистира на финансиска дициплина кај општината. Станува збор за заем од Светска банка, кој ќе го враќаме сите. А како критериум се зема само бројот на население и регистрирани возила, како и површината на општината.

„Распределените средства директно не им се дадени на општините. Општините имаат обврска да достават готови проекти, кои понатаму се анализираат од стручен тим во Министерството и се доставуваат на одобрување во Светска Банка. Целата постапка, конторла и мониторинг од прибирање на проекти па се до нивна реализација и исплата на изведувачите ја води Министерството за транспорт и врски.“ – велат од оттаму.

Миликије Халими, која од СДСМ стана прва жена градоначалник на Арачиново и денеска не одговараше на телефонските повици и пораки за да каже дали Општината има проекти за обнова на улиците и дали ќе аплицира за парите.

Халими и претходно ги избегнуваше новинарите и не објасни зошто Арачиново е единствената општина каде со години не се собира данок на имот.

Ова не се единствените пари наменети за Арачиново. Владата од државниот буџет и даде на Општината 500 000 евра неповратна помош и на крајот на 2020 година. Во меѓувреме соопшти дека во иднина ќе инсистира Арачиново да го собира сопствениот данок од граѓаните, во спротивно нема да ги добие предвидените100% од државната каса.https://www.24.mk/details/iako-vo-opshtinata-ne-se-plakja-danok-na-imot-skopsko-arachinovo-povtorno-dobi-500-000-evra-od-vladata

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close