Иван Маркоски од Скопје и Иван Шуклев од Гевгелија млади земјоделци кои иднината ја гледаат во производството на храна
Две успешни приказни на млади земјоделци, кои својата иднина ја гледаат во земјава
Иван Маркоски од Скопје и Иван Шуклев од Гевгелија од сосема два различна краја на земјава се двајца млади земјоделци кои својата иднина ја гледаат во производството на храна во земјава. Иван Маркоски е трета генерација производители на конзумни јајца и тој сега ја раководи од неодамна пуштена во производство најсовремената живинарска фарма не само во земјава туку и на Балканот со проектирано дневно производство од 120 илјади конзумни јајца на ден во најсовремени европски услови, како за живината така и за вработените, објави https://kanal5.com.mk/
Маркоски заради својата активна улога како млад земјоделец во развојот на живинарството од своите колеги е предложен и е сега претседател на потсекторката група за живинарство која во министерството дава предлози и насоки кои мерки се важни за ова производство да го задоволи целосно домашниот пазар и полека да се ориентира за извоз. А во извозот пак му нема рамен на Иван Шуклев. Тој по долги години едукација во Словенија од пред неколку години се врати во својата родена Гевгелија за да ја раководи продажбата односно извозот на трпезно грозје од најсовремениот лозов насад во земјава од каде целото грозје е наменето за извоз во големите европски ланци на маркети каде предуслов се прецизни правила за безбедност на производството наменето за свежа продажба.
Одгледувањето на грозјето на насадот на Шуклеви е со најсовремени агротехнички мерки како што се произведува грозје во Шпанија, Италија и Грција бидејќи само така може да се планира извоз на европските пазари и да се постигне нивото на безбедност и следливост на трпезното грозје. Во моментов тој произведува од 1,5 до 1,8 милиони килограми што се годишно по 50 шлепери за извоз а веќе подига и нови 40 хектари современи лозови површини за да ги задоволи се поголемите потреби на Европските пазари.
Со своите успешни приказни овие млади амбасадори на современото македонско земјоделство го трасираат и покажуваат патот на идното производство на храна кое е можно само преку постојани инвестиции, едукација и целосна модернизација по најсовремените европски стандарди.