
Илија Стоилов одговори – кои заостанати субвенции ги исплати владата на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците
Одговорите за Зелена берза ги даде директорот на Платежната агенција Илија Стоилов
Зелена берза испрати Барање за слободен пристап до информација од јавен карактер до МЗШВ и Платежната агнеција со цел на земјоделците да им овозможи точна и проверена информација колку заостанати субвенции исплатала владата на ВМРО ДПМНЕ од 2020 година до крајот на 2024 година.
Одговорите ни ги испрати директорот на Платежната агенција Илија Стоилов.
1-Колку е вкупната вредност на исплатени директни плаќања во периодот од 01.08.2024 до 31.12.2024?
–Агенцијата по програмата за финансиска поддршка во земјоделството има исплатено се вкупно – 2.976.651.906 денари
2-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2020?
-По ПФПЗ за 2020 исплатени се 15.000 денари.
3-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2021? (Сума и процент)
– По ПФПЗ за 2021 исплатени се 968.145 денари
4-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022? (Сума и процент)
– По ПФПЗ за 2022 исплатени се 8.999.504 денари, односно 0,3 проценти од вкупно исплатената сума во наведениот период
5-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2023? (Сума и процент)
– По ПФПЗ за 2023 исплатени се 837.946.083 денари, односно 28.1 проценти од вкупно исплатената сума во наведениот период
6-Колку од вкупната исплатена вредност во назначениот период е за директни плаќања по мерки од програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024? (Сума и процент)
– По ПФПЗ за 2023 исплатени се 2.128.723.174 денари, односно 71,5 проценти од вкупно исплатената сума во наведениот период.
Текст Анета Блажевска