ИМ ПРОДАВААТ И НА МАКЕДОНЦИТЕ: Две жени подигнале царство со малини
Кога пред 10 години почнале да се занимаваат со одгледување на малини, сите биле скептични, а денес тие се едни од најголемите производители во овој дел на Србија.
Славомира Стефановиќ (57) и Билјана Бабиќ (49) од селото Плоча на околу 10 км од градот Александровац, неразделни се со малините.
„Предложив на снаа ми да купиме земја, и таа прифати иако средината не беше воодушевена“, вели Стефановиќ.
За овој овоштарник со малини платиле 500 евра, а другите 500 евра во текот на бербата.
Но, овој овоштарник не бил чистен шест години.
Овие упорни жени изнеле 10 камиони со стар и неупотреблив род.
Веќе втората година почнале да произведуваат и расад и да го продаваат во Македонија.
Во меѓувреме создале четири хектари површини под малини.
Овие две жени велат дека целиот успех го постигнале со многу труд, и со своите 20 прсти.