Вести
Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 5.5 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 5.1 %
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 5.5 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 5.1 %.
Во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 105.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.4.
Во делот аутпут, во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103.7.