fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Индијците – нови гастарбајтери во Србија

Работниците од Индија во Србија работат наводно за 300 до 350 евра месечно

Српските градежници веќе одамна го заработуваат лебот во земјите од западна Европа. Во татковината се заменети од странци – од соседните земји, како Романија, Албанија и Македонија, но и од Турција, Пакистан и Индија, пишува Дојче Веле .

Работници од Индија  во наредните години би можеле да ги преплават градилиштата во Србија. Претседателот на Синдикатот на работници во градежништвото и индустријата за градежни материјали, Саша Торлаковиќ, за ДВ вели дека посредниците носат работници во групи од неколку стотини. „Еден човек се јави во синдикатот на работници на патиштата, веројатно мислејќи дека синдикатот може да вработи работници, и праша дали ни се потребни 100-200 работници од Индија. 100-200?! Па, тоа е страшно, тоа ви кажува колку е силен црниот пазар“, вели Торлаковиќ.

„Немој, ќе ја загубиме работата…“

Во Србија минатата година се уредно регистрирани 410 работници од Индија. Сепак, само на градилиштата на Коридорот 11 и брзата пруга Белград-Суботица, трудовите инспектори пронајдоа повеќе од 100 индиски државјани, од кои само неколкумина имаа уредни дозволи за работа. Податоците од Националниот сојуз за локален економски развој (НАЛЕД) покажуваат дека секој трет работник на градилиштата во Србија работи на црно.

Повеќе десетици од нив најдовме на градилиштата на „Белград на вода“. Не се расположени за разговор. „Немојте Ве молам, овде сѐ се гледа“, вели еден додека се враќа од паузата за ручек. „Немој, ќе ја загубиме работата“, додава неговиот колега со кисела насмевка.

А, губење работа не можат да си дозволат, зашто Србија за нив е „ветена земја“. „Доаѓа, да речеме, возач од Индија, кој во Индија би имал плата од 50 долари месечно. Овде заработува 300-350 евра и има платено сместување и храна. Кога ќе испрати 150 долари дома, тоа е општа радост во Индија“, објаснува Торлаковиќ.

Условите во кои живеат овие гастарбајтери, сепак, честопати не се достојни. „Она што го слушнав од луѓето од трудовиот инспекторат е дека ги наоѓале во Карабурма, во напуштени стари објекти, по 90, 100 од нив“, вели Торлаковиќ. „Сѐ уште не сум слушнал дека некој сместил работници од Индија во подобри услови. Господ знае каде живеат, како јадат… “https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close