ОБЈАВА
Информација за одржување на јавни расправи по нацрт документи:
– Студија за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Систем за наводнување Страиште, IPSVV фаза 3” Општина Валандово,
– Студија за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на проектите за системи за наводнување (Страиште, IPSVV фаза 3 и Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3) заедно со консултантите од компанијата ENCON ги изработија Студиите за оцена на влијание на проектите врз животната средина за овие проекти.
Проектите за наводнување ќе се реализираат со финансиска помош од Германската Банка за развој (KfW).
Се известува јавноста дека јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес, ќе се одржи на:
- ден 22.08.2019 година во просториите на Општина Велес (прес Сала во Општина Велес), со почеток во 13 часот;
- ден 22.08.2019 година во просториите на OOУ “Тодор Јанев”, населба Чашка, со почеток во 10 часот.
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Систем за наводнување Страиште, IPSVV фаза 3” Општина Валандово, ќе се одржи на:
- ден 21.08.2019 година во просториите на Домот на култура “25 Мај”, Валандово, со почеток во 11 часот.
Не техничкото резиме од Студиите е достапно на увид на веб страната на Општина Велес, Општина Чашка и Општина Валандово.
Заинтересираните можат своите коментари и препораки во врска со нацрт верзиите на студиите да ги достават до Г-дин Бојан Дурнев (e-mail: durnev@wmp.mk) до 23.08.2019 година.
mzsv.gov.mk