fbpx
ВестиТоп вести

Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти “Отиња“во општина Штип

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015 и 39/2016) ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со седиште на ул. “Аминта трети“ бр. 2, Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти “Отиња“ во општина Штип.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. “Кеј Димитар Влахов“ бр. 4 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и  во просториите на Општина Штип.

Согласно член 91 став 1 од Законот за животна средина, Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти “Отиња“ ќе се одржи на ден 27.08.2019 година (вторник) со почеток во 12 часот во Салата на советот на Општина Штип.

 


 

mzsv.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close