Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ќе оддржи информативни сесии кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.
Информативите сесии е ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:
– 18.10.2018 (четврток), 15:30 – 17:00, с.Блатец, (во просториите на компанијата СА-МО Бионатура, с.Блатец);
– 18.10.2018 (четврток), 19:00 – 20:30, Пехчево, (х. Гогов);
– 19.10.2018 (петок), 18:00 – 19:15, с. Пиперево, (Дом на култура);
– 19.10.2018 (петок), 20:30 – 22:00, с. Стојаково, (Месна канцеларија за оддржување на настани од јавен карактер)
Агендите за самите настани и постерите кои би можеле да ги искористите за информирање на целната група ви ги испраќаме во прилог.
На овие сесии ќе ве информираме за:
– предности од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешни примери од регионот и
– можности за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги во рамки на наведениот проект.
Лице за контакт е Димитар Смилјановски, dsm@mrfp.mk<mailto:dsm@mrfp.mk> тел. +389 2 3088 992.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Повеќе детали за проектот може да најдете на следната веб-страна: www.zadrugi.mk<http://www.zadrugi.mk>