fbpx
Вести

Високите температури ги прелажаа овошките во гевгелиско и дојранско

Од година во година Македонија се повеќе го зголемува увозот на земјоделски прозводи. И покрај тоа што одредени култури, пред се градинарските бележат зголемено производство, во струмичко производството на раноградинасрски култури од година во година бележи пад.

Најпогодени се доматите, краставиците и пиперките на отворено и под пластеници. Земјоделските експерти велат дека климатските промени го земаат данокот, во моментов во југоисточна и централна Македонија, поради високите температури и малата влажност на почвата тешко оди развојот на житото од есенската сеидба.

visokite temperaturi gi prelazhaa ovoshkite vo gevgelisko i dojransko

 

Температурите до 15 – тиот степен ги излажале дел од овошките во Дојран и Гевгелија па во среде јануари тие почнале да цветаат. Земјоделскиот експерт  Ристо Вучков вели дека агрономите од надлежните институции мора да бидат присутни на терен и да им помагаат и да ги обучуваат земјоделците како да се справат со новата состојба но и како да ја намалат употребата на пестицидите, и минералните ѓубрива, како и колкав треба да биде периодот од прскање до берба на земјоделските производи со што би се намалиле штетите кај земјоделските култури.

oranzerija-krstavici-banskoliev-(87)

„2014 година имавме трократно повеќе врнежи од дожд каде имавмe катастрофални штети во земјоделското производство, појава на болести, а не бевме подготвени на време да делуваме и што е уште поважно сега 2015 година имавме пеколни температури над 40-45 степени, кои отидоа во другата крајност и имавме големи загуби од квалитативен и квантитативен аспект во земјоделското производство“, вели проф.д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија.

Токму неповолните појави во последните години допринеле земјоделските производи да се соочат со нови болести кај растенијата кои се предизвикани од фитопаризитни нематоди.

d1

„Нема регион каде што тие не се присутни.Но, нивните проучувања се на почеток и мислам дека ако не им се посвети поголемо внимание, фитопаразитните нематоди во догледно време ќе предизвикаат големи штети во нашето земјоделско производство“, додава Вучков.

Во изминативе години во Струмичкиот регион годишно се произведуваа над 250 милиони килограми најразлични раноградинарски производи. За колку годинашново, кое во најголем дел е во фаза на расадување, ќе биде помало, ќе се знае на крајот на оваа производствена сезона.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close