fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

И покрај короната инспекторите на ДИЗ се постојано на терен и го контролираат откупот на тутунот

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ ги демантира тврдењата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ дека инспектори не го контролираат процесот на откуп на тутунот и оти има увоз на тутун кој ја спушта цената на домашниот и го загрозува домашното производство.

Инспекторите на Државниот инспекторат за земјоделство се постојано на терен и го контролираат откупот на тутунот. Досега до Второстепената комисија се поднесени околу 90 приговори од тутунарите од кои повеќе од половина приговори се позитивно решени. Приговорите главно се однесуваат на квалитетот и ниската проценка на класите. Годинава истиот квалитет на тутун откупувачите го проценуваат за една класа подолу.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ ги демантира тврдењата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ дека инспектори не го контролираат процесот на откуп на тутунот и оти има увоз на тутун кој ја спушта цената на домашниот и го загрозува домашното производство.
-Не е точно дека инспекторите не го контролираат откупот на тутунот. Со оглед на состојбата со корона и фактот дека многу од инспекторите се позитивни, постојано има инспектори на терен. Освен инспекторите од регионот, се ангажираат и инспектори од другите градови во државата за да им излезат во пресрет на тутунарите. Ние ги охрабруваме производителите да приговараат. Вистина е дека откупувачите велат дека квалитетот на тутунот е послаб од ланскиот и им го проценуваат за една класа подолу. Сознанијата од терен покажуваат дека навистина откупувачите годинава се многу построги во однос на проценката на квалитетот на тутунот, изјави за весникот ВЕЧЕР, Шапуриќ.https://www.vecer.press/%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close