fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Инспектори ќе го следат откупот на пиперката

На секој откупен пункт ќе биде присутен инспектор кој ќе го следи процесот и нема да дозволи манипулации.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, вчера ги посетија откупните центри во Кривогаштани и Могила, каде што извршија увид во процесот на откуп на пиперката.

„Ова е резултат на нашата постојана грижа за заштита на интересите на земјоделците и обезбедување на фер услови при откупот на земјоделските производи“, истакна министерот Трипуновски.

На секој откупен пункт ќе биде присутен инспектор кој ќе го следи процесот и нема да дозволи манипулации. На тој начин, како што беше потенцирано, се обезбедува сигурност и заштита на правата на земјоделците.

„Земјоделството е приоритет и ние сме тука да ги штитиме правата на секој земјоделец“, додаде Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close