fbpx
Вести

Интервентна субвенција од 4 денари за предадени домати кај преработувачите

domati

Владата на РМ на следната седница, на предлог од Министерството за земјоделство ќе донесе одлука за интервентна субвенција од 4 денари за секој предаден килограм домати во  преработувачките капацитети во земјава.

Мерката ќе важи за сите производители кои до 15 јули ќе го предадат своето производство во конзервните фабрики влезени во регистарот на домашни преработувачи. На тој начин производителите ќе добијат вкупно 7 денари давна подршка, имајки ги во предвид постоечките 3  денари кои се доделуваат за секој предаден килограм во преработувачки капацитети.

На овој начин се очекува да се стабилизра пазарот и откупот на доматите во земјава кои овие денови закочи, а земјоделците побараа подршка од државата.

Од министерството за земјоделство информираа дека преработувачите покажале интерес за откуп на вишокот домати, а постојано работи и на изнаоѓање нови пазари за пласман на земјодлеското производство од Македонија. Проблемот се појави заради огромната понуда на домати на традиционалните пазари во опкружувањето кои досега увезуваа од земјава.


 

24вести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close