fbpx
Видео/интервјуа

Интервју со член на Зелена Берза – Тане Георгиевски

Во продолжение прочитајте го интервјуто со еден од нашите членови, Тане Георгиевски, млад земјоделец од општина Ресен.

intervju so chlen na zelena berza tane georgievski

 

  1. Од кога се занимавате со земјоделство? И Што конкретно произведувате? /// Кое е Вашето примарно производство?

-Со земјоделство се занимавам активно веќе 7 години, од мојата 18та година.  Произведуваме главно јаболка од сортите Ајдаред, Златен делишес, Муцу, Грени смит и имаме мал дел производство на цреши.

 

  1. Колкава површина обработувате?

-Производството е опфатено на површина од околу 2 хектари.

 

  1. Колкави се приносите на годишно ниво? /// Дали сте задоволни?

-Просечната произведена количина изнесува околу 60 тони годишно, но поради временските неприлики, како град и пролетни мразеви кои уништуваат голем дел од производството, последните неколку години таа бројка варира.

 

  1. Кои современи машини според Вас, придонесуваат за модерно земјоделство и ефективен принос?

-Без современа механизација неме да се замисли денешното земјоделско производство. Без трактори со поголема влечна сила, мулчер, меѓуредна фреза, атомизер итн., приносите сигурно би биле многу помали.

 

  1. Каков трактор и приклучна механизација Вие употребувате?

-Индиски трактор TAFE со 48кс, атомизер 330литри, плуг, кримлер, тањирачи, фреза и косачка.

 

  1. Со кои методи, според Вас, ќе се зголеми земјоделското производство?

-Со употреба на сертифициран саден материјал, квалитетни пестициди од познати производители, анализа на почвата и соодветно ѓубрење и секако употреба на мрежи против град, бидејќи кај нас неколку години се забранети градобиљните ракети кои беа од голема корист на производителите на јаболка.

 

  1. Кои бенефити ги имате со професијата земјоделец?

-На прво место искуството кое се стекнува со работата и навиката за работа.  Голем бенефит се субвенциите кои ги добиваме од државата, исто и поддршката при купување на земјоделска механизација и доделување на државно земјиште под концесија.

 

  1. Кој е најтешкиот дел во оваа професија?

-Најтежок дел од оваа професија е продажбата на производот, поради ниската откупна цена, инаку ништо не е тешко ако се работи со љубов.

 

  1. Како дознавте за „Зелена Берза“?

-За здружението „Зелена Берза“ дознав од интернет порталите за земјоделство.

 

  1. Зошто станавте член на здружението на земјоделци „Зелена Берза“?

-Во ова здружение се зачленив поради поголемата достапност на информации и секако споделување на искуства со другите членови.

 

  1. Што очекувате од зачленувањето во ова ново здружение на земјоделци?

-Учество во проекти и семинари, едукативни информации и поголема конкурентност на пазарот на производи.

 

  1. Дали сте задоволни од моменталната состојба во земјоделството во државата?///Што мислите дека треба да се промени?

-Секогаш може подобро.  Сметам дека земјоделците треба да се здружуваат во задруги и земјоделски здруженија како што е и „Зелена Берза“, со што би дошле до подобар пласман на својот производ. Што се однесува до државата, сметам дека треба да се врши поголема контрола на откупувачите со што би се спречила манипулацијата со земјоделците.

 

  1. Дали аплицирате на огласите за рурален развој и Ипард?

-Досега не сум аплицирал, но секако дека е во план за наредната година.

 

  1. Дали нешто треба да се промени за да има поголемо искористување на средствата од Ипард програмата?

-Мислам дека треба општините повеќе да ги информираат граѓаните за Ипард програмата преку весници, интернет, телевизија, бидејќи голем дел од нив не знаат за оваа програма и за тоа како треба да аплицираат.

 

  1. Дали сте задоволни од условите на банките за кредитите за земјоделци?

-Секако, јас лично добив кредит конкретно од Прокредит банка за купување на трактор и приклучна механизација.  Условите се доста поволни и секој може да аплицира.

 

  1. Кој совет би им го дале на сите земјоделци, и на оние кои сакаат да навлезат во оваа професија?

-Да се здружуваат што повеќе и заедно да се борат за поголема конкурентност и поголема цена.  Да не се откажуваат и покрај многуте препреки кои се јавуваат.  На идните земјоделци им препорачувам да се истрајни и да не застануваат.  Треба многу работа но на крај трудот секогаш се исплатува.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close