fbpx
Вести

ИПАРД: Инвестиции во градинарство

oranzerii gradinarstvo

Со пари од европските фондови градинарите ќе можат да изградат нови оранжерии. Неповратна помош која ќе се добива од ИПАРД програмата е од 60 до 70 проценти од вложувањето, а вредноста на инвестицијата треба да биде од 3.000 до 1,5 милиони евра.

За изградба и модернизација на оранжерии, градинарите можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.

На огласот кој се очекува да биде објавен условите за користење на добиените пари се подобрени. Корисници ќе можат да бидат и градинарите со помали површини, односно 0,3 хектари пластеници и 0,5 хектари за производство на отворено.

За производството на отворено ќе може да се набави и современа опрема за наводнување, заштитни мрежи и земјоделска механизација.

Со програмта се финансираат инвестиции од 3.000 до 1.500.000 евра.

Процентот на неповратната помош е зголемен од 50 на 60 проценти или 65 доколку барателот е млад земјоделец, а 70 проценти за инвестициите во планинските области.

 

 


МРТ


 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close