Иселениците сакаат да инвестираат во ИТ, аутсорсинг, туризам и во земјоделство

(Oвој напис е објавен на: March 1, 2017)

ИТ и аутсорсинг, туризам, земјоделство и висока технологија, се областите во кои иселениците од дијаспората би инвестирале во Македонија, покажува истражувањето што организацијата „Македонија 2025“ го претстави на Форумот за бизнисмени од дијаспората. Во резултатите од истражувањето се вели дека пазарот на труд има потреба од натамошен развој и инвестиција во образованието, како и дека постојната работна сила е способна брзо да ги научи потребите на работните места.

iselenicite sakaat da investiraat vo it autsorsing turizam i vo zemjodelstvo

 

Административните услуги зависат од компетентноста на поединци и државата треба да воведе тренинг-програми за нивно обучување според стандардите и потребите на инвеститорите –нагласуваат од „Македонија 2025“ и наведуваат дека е некоректна промоцијата на Македонија како земја со евтина работна сила. Инвеститорите, истакнуваат, бараат квалификувана и образована работна сила и земјата треба да се профилира како дестинација со стручен кадар, а не најевтин.