fbpx
ВестиМакедонија

Ископот на јаглен во Рудникот Суводол е стабилизиран

РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3.

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола го стави во функција Блок 1 на Термоелектраната.  Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден. Во моментов, РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3.

Ископот на јаглен во Рудникот Суводол е стабилизиран, а се зголемува и интензитетот на ископ во Рудникот Брод Гнеотино.

Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК Битола изминатите неколку недели, особено на работниците во рудниците за што раководството на Комбинатот изразува јавна благодарност.

АД ЕСМ го одржува стабилен електроенергетскиот систем на државата. Во моментов компанијата ги задоволува потребите на потрошувачите со производство на електрична енергија од РЕК Битола, од хидроелектраните и од ветерниот парк Богданци.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close