fbpx
Вести

Исплатени 99,9 проценти од земјоделските субвенции и 1,4 милиони евра од првиот повик за ИПАРД 2

По Програмата за директни плаќања во земјоделството до денеска исплативме 6,751 милијарда денари, што е реализација од 99,9 проценти, вели во интервју за МИА директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

Бабовски информира и дека Агенцијата наследи огромни долгови, односно неисплатени заостанати субвенции од 2013, 2014, 2015, 2016 година. Сепак, како што нагласува директорот, за година и пол се префрлени вкупно 200 милиони евра.

-За капитални инвестиции од Програмата за рурален развој исплативме една милијарда 122 милиона денари што е 71 отсто од вкупниот предвиден буџет за таа ставка, по Програмата рибарство и аквакултура исплативме 16,2 милиона денари. Практично, на ниво на Агенција по сите програми исплативме 7,9 милијарди денари што е 94 отсто од вкупниот Буџет, потенцира Бабовски.

Тој подвлекува дека сите барања кои ги исполнуваат условите за користење финансиска поддршка од националните програми ќе бидат исплатени. Неисплатени ќе бидат само мал дел, односно оние баратели кај кои се утврдени технички проблеми: неточна трансакциска сметка, погрешен матичен број, за што апликантите ќе бидат известени.

Бабовски во интервјуто што МИА ќе го објави утре, се осврнува и на ИПАРД Програмата, посочувајќи дека до денеска по сите мерки од првиот повик за ИПАРД 2 се авторизирани и исплатени 123 барања за вкупно 1,4 милиони евра.

-Тоа е одличен стимул за домашниот агро сектор, смета диреткорот.


 

a1on.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close