fbpx
ВестиВиноТоп вести

Исплатени над 1 милион евра за дополнителната интервентна мерка за предадено грозје на лозарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодетсвото, Николче Бабовски, одржаа прес конференција во врска со исплатата на интервентната мерка за поддршка во лозарството.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати околу 66,2 милиони денари ( над 1 милион евра) на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.

Со оваа исплата како што истакна министерот Димковски, се  заокружува комплетната исплата на субвенции за лозарството. Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади.

„ Државата го исплати и долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Со тоа решивме еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион. Овие исплати за секторот лозарство се пари коишто директно ги враќаме кај лозариите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино. Ова е вистински пример на грижа на државата за граѓаните и враќање на парите кај граѓаните”- Изјави министерот Димковски, објавуваат од  Министерството за земјоделство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close