Исплатени субвенции за сточарите што одгледуваат говеда „Буша“, овци од расата „Праменка“, „Балканска коза„
Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по грло говедо од расата Буша, 550 денари по грло овца од расата Праменка (овчеполка и шарпланинска); 550 денари по грло коза од расата Балканска коза и 5.000 денари по грло овца од расата Праменка (каракачанска).
Реализирани се 5.879.100,00 денари кон 44 корисници од мерката 214.3 од Програмата за Рурален Развој за 2022 година.
Корисници на овие подмерки се земјоделските стопанства сопственици на минимум 5 грла говеда од расата Буша, 50 грла овци од расата Праменка (овчеполка и шарпланинска), 50 грла кози од расата Балканска коза, 10 грла овци од расата Праменка (каракачанска) кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда, овци и кози и се инвентаризирани и карактеризирани од страна на овластена институција за спроведување на мерки и активности од Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството од 2018 до 2024 година и истите ги чувале најмалку до 31 декември 2022 година. Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по грло говедо од расата Буша, 550 денари по грло овца од расата Праменка (овчеполка и шарпланинска); 550 денари по грло коза од расата Балканска коза и 5.000 денари по грло овца од расата Праменка (каракачанска).
Корисници се и земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда од раса домашен Бивол, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ги чувале најмалку до 31 декември 2022 година. Висината на директните плаќања изнесува 9.000 денари по грло.
Корисници се и земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат најмалку 50 грла овци и/или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози, и се сопственици на педигрирани кучиња од расата Шарпланинец и Караман на кои е извршена идентификација со микрочип на денот на поднесување на барањето. Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по куче и се исплаќа за куче од расата Шарпланинец и Караман кое е на возраст над шест месеци на 30.09.2022 година.